Нетфликс ќе вложи неверојатни 2,5 милијарди долари во Јужна Кореја

Објавено на 25.04.2023 во Новости



Нетфликс ќе вложи неверојатни 2,5 милијарди долари во Јужна Кореја

Нетфликс во следните 4 години ќе вложува етапно на неколку пати, вкупно 2,5 милијарди долари во јужнокорејска продукција, официјално објави извршниот директор, Тед Сарандос. Тој се состанал со претседателот на државата во Вашингтон, САД - Јун Сук-Јеол.

„Нетфликс со задоволство потврдува дека ќе вложи 2,5 милијарди американски долари во Кореја за создавање на корејски серии, филмови и неспецијализирани емисии во следните четири години. Овој инвестициски план е двојно повеќе од вкупниот износ што Нетфликс го вложи на корејскиот пазар кога ја лансиравме нашата услуга во Кореја во 2016 година. Нетфликс има голема доверба во креативната индустрија на Јужна Кореја, која што ќе продолжи да раскажува одлични приказни“, вели Сарандос.

Најпознатите филмови во последните неколку години на Јужна Кореја се Паразит, кој беше награден со Оскар и хит-серијата Игра со лигњи (Squid Game).