TikTok овозможува додавање и креирање на сопствени аватари

Објавено на 26.04.2023 во Новости



TikTok овозможува додавање и креирање на сопствени аватари

TikTok работи на нова опција со помош на која што корисниците од таа социјална мрежа ќе може да ги користат профилните слики генерирани со вештачката интелигенција. Веста за новата опција ја објави Мет Навара на Twitter, консултантот за социјални мрежи.

Тој објавил слики и видеа со новата алатка од TikTok. На прв поглед алатката создава слики со портрети слични на оние во апликацијата Lens од Prisma Labs, но таа опција би требало да биде вградена директно во TikTok, па така би можело да се случи поплава од аватари изработени од вештачката интелигенција. Кога корисникот ќе испрати 3 - 10 слики од себеси, бира стил на аватар и така после дадените опции од вештачката интелигенција, си бира свој аватар и го објавува во својата приказна на TikTok.