Далеку пред сите, Spotify се пофали со раст на корисниците

Објавено на 26.04.2023 во Новости



Далеку пред сите, Spotify се пофали со раст на корисниците

Од Spotify објавија деловни резултати за првиот квартал на оваа година, а она што најмногу се истакнува во објавата е бројот на корисници на нивниот сервис за стриминг музиката. Во споредба со истиот период минатата година, таа цифра порасна за дури 22% и достигна 515 милиони. 

Уште една исклучително важна бројка за компанијата е бројот на корисници за нивната premium услуга, за која претплатниците се искачи на 210 милиони, што е повеќе од 40% во однос на вкупниот број на корисници. 

Spotify веќе надмина 200 милиони претплатници, додека конкурентските сервиси Apple Music, Amazon Music и YouTube Music немаат ниту 100 милиони претплатници. 





Прочитајте повеќе: