Британскиот регулатор го блокираше преземањето на Activision Blizzard од Microsoft

Објавено на 27.04.2023 во Игри



Британскиот регулатор го блокираше преземањето на Activision Blizzard од Microsoft

Реализацијата со купувањето на Activision Blizzard сметавме дека е веќе готова, но сепак е блокирана од британската Управа за пазарна конкуренција. Деловното преземање во вредност од 68,7 милијарди долари пропадна. 

Регулаторот објави дека постои загриженост дека преземањето на Activision Blizzard, компанијата што ги издаде хитовите како што се Call of Duty и Candy Crush, ќе дојде до намалување на иновациите и помал избор за играчи во областа на играњето во cloud. И покрај оваа одлука, Microsoft не се откажува од преземањето на Activision, а веќе потпишале и неколку договори што ќе овозможат за игрите на Activision Blizzard да бидат достапни и на другите платформи.