Samsung Galaxy Z Fold 5: Димензиите сугерираат минимални промени во дизајнот
Објавено на 27.04.2023 во Преклопни уреди
Samsung Galaxy Z Fold 5 и Z Flip 5 пристигнуваат ова лето, за кои што се објавени димензии, но неофицијално. Се разбира, изворите се анонимни. За Galaxy Z Fold 5 се предвидува дека ќе биде за 0.2мм пократок, потесен и потенок, во споредба со неговиот претходник кога е расклопен, со 154.9 x 129.9 x 6.1мм.
Широчината кога е преклопен останува непроменета - 67.1мм. Тежината на Z Fold 5 се очекува да биде со 254 грами, што е само за 9 грами помалку во споредба со Galaxy Z Fold 4.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.