Asus ќе го лансира наскоро конкурентот на Steam Deck

Објавено на 28.04.2023 во Новости



Asus ќе го лансира наскоро конкурентот на Steam Deck

Asus ROG Ally е врвен гејмерски компјутер, кој што наводно ќе чини 700 долари. Станува збор за модел со AMD Z1 Extreme чип, 16GB RAM и 512GB SSD меморија за лични податоци. Рачниот компјутер на Asus од 512GB чини само 51 долар повеќе од еквивалентниот модел на Steam Deck.

Роланд Квант тврди дека уредот излегува на 11 мај. Ако Z1 Extreme почне со цена од 700 долари, прашање е колку ќе чини регуларната верзија Z1. Основната верзија на Steam Deck чини 400 долари, па така може да очекуваме дека Z1 верзијата ќе биде од 400 до 700 долари. ROG Ally е широк 11,02 инчи, висок 4,37 инчи, дебелина од 0,83 инчи и тежина од 608 грами.





Прочитајте повеќе: