И покрај сите губитоци и откази, Марк Цукерберг не се откажува од Метаверзумот

Објавено на 28.04.2023 во Новости



И покрај сите губитоци и откази, Марк Цукерберг не се откажува од Метаверзумот

Meta додели голем број на откази на вработени и се соочува со минус во салдото. Основачот и извршниот директор на Meta, Марк Цукерберг, сепак не се откажува од развојот на Метаверзумот. Како што истакнува тој за сите инвеститори и акционери, Meta заедно со Метаверзумот ќе се фокусираат на вештачка интелигенција.

Тој вели дека вештачката интелигенција е главниот двигател на капиталните вложувања на Meta во последните години и така ќе остане во иднина. „Во овој момент повеќе не заостануваме во изградбата на нашите инфраструктура во вештачката интелигенција. Напротив, сега имаме капацитет за извршување на водечките работи во овој простор во големи размери“, изјавил Цукерберг.