Забраната за ChatGPT во Италија е избришана

Објавено на 29.04.2023 во Новости



Забраната за ChatGPT во Италија е избришана

Популарниот четбот ChatGPT развиен од OpenAI компанијата е повторно достапен во Италија, после решавањето на прашањата за заштита на приватноста на корисниците, соопшти регулаторот официјално. OpenAI услугата е повторно достапна во Италија со зголемена транспарентност и права за европските корисници, објави италијанската институција за заштита на податоци, Garante.

Агенцијата соопштува дека OpenAI сега ги исполнува сите услови што властите ги побарале со цел да се укине забраната воведена кон крајот на март. OpenAI ја подобри транспарентноста на својата мрежна станица во поглед на начинот на кој што се обработуваат корисничките податоци, им дал на корисниците одредени правила за раскинување на договорот и оневозможил користење за деца помлади од 13 години.