Meizu M6 ви е евтина варијанта со добар дизајн

Објавено на 22.09.2017 во Новости



Meizu M6 ви е евтина варијанта со добар дизајн

Meizu M6 е официјално претставен пред јавноста, кој планира да успее со неговата ниска цена од 100 долари. Перформансите се за малку подобри од претходникот Meizu M5, што значи дека е подобрен и во овој сегмент. M6 располага со 5.2 инчен дисплеј, резолуција од 720 x 1280 пиксели, има MediaTek MT6750 процесор, две варијанти со 2 и 3GB RAM, со 16 и 32GB ROM меморија. 

Капацитетот на неговата батерија изнесува 3070mAh, го има претпоследниот оперативен систем Android 7.0 и корисничкиот интерфејс на Meizu - Flyme UI 6.0. Камерата од задната страна е со 13MP, додека предната камера е 8MP. Телефонот го има во сребрена, златна, црна и сина боја. Цената на верзијата со 2GB RAM/16GB меморија изнесува 105 долари, а онаа со 3GB RAM/32GB меморија е 135 долари. Што мислите?





 
Најнови телефони
 
  • iPhone 8 Plus
  • iPhone X
  • iPhone 7 Plus
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
 


{}