Apple ќе избрише 180.000 апликации од App Store

Објавено на 22.09.2017 во Новости



Apple ќе избрише 180.000 апликации од App Store

Apple автоматски прекина со поддршка на 32 битните апликации кога го објави најновиот оперативен систем iOS 11. Тоа значи дека 180.000 апликации ќе бидат отстранети од App Store. Ова не е ништо ново затоа што компанијата претходно го најави ова дека ќе дојде.

Според Оливер Јех, од компанијата Sensor Tower, во моментот има 180.000 32-битни апликации во App Store, што е дури 8% од вкупниот број на апликации достапни на истата платформа. Sensor Tower открива дека повеќето апликации што ќе исчезнат од App Store се всушност игри, а ги следат и апликациите од категоријата "education", "entertainment" и "lifestyle".  Ако сакате да проверите некоја апликација на вашиот смартфон, тоа може да го направите вака: "General" > "About" > "Applications". Тука се прикажуваат сите 32-битни апликации, а доколку ги немате, тогаш ништо нема да ви се појави во фолдерот.

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}