Рендерите демонстрираат дека Galaxy Z Flip 5 е спремен за конкуренцијата

Објавено на 02.05.2023 во Преклопни уреди



Рендерите демонстрираат дека Galaxy Z Flip 5 е спремен за конкуренцијата

Samsung најверојатно одлучил дека Galaxy Z Flip 5 да биде со поголем надворешен екран, со цел да им конкурира на другите модели. Најголемата разлика е надворешниот екран, и задните камери, кои што се сега вертикално поставени, наместо хоризонтално.

Дисплејот изнесува 3.4 инчи, што е значително зголемување, во споредба со оние 1.9 инчи кај Flip 4. Flip 4 може да покаже само нотификации, дата, време, виџети, selfie viewfinder и процент на батерија. Z Flip 5 ќе има поголем екран и најверојатно ќе има многу повеќе да понуди за работа, без да имате потреба од расклопување на уредот.