Кога ќе добиеме WhatsApp верзија за iPad

Објавено на 03.05.2023 во iOs



Кога ќе добиеме WhatsApp верзија за iPad

Екипата на WhatsApp вети дека ќе има посебна верзија на апликацијата за iPad, но се уште нема таква апликација. WhatsApp минатата недела објави дека ќе овозможи користење на истиот профил на повеќе смартфони. Корисниците ја барале таа опција со години и сега конечно ќе ја добијат. 

За некои е веќе достапна новата опција на WhatsApp, а другите ќе ја добијат во следните неколку недели. Многумина го поздравиле овој новитет, но други корисници изразиле незадоволство затоа што се уште нема WhatsApp за iPad. Со оглед на тоа што iPad е најпопуларниот таблет на светот, јасно е дека многумина од Meta бараат развој на специјална апликација со цел да може да се допишуваат и комуницираат директно од таблет, што го потврдил и првиот човек на WhatsApp, Вил Катхарт на почетокот на минатата година. Она што треба да го нагласиме е дека прелистувачот на iPad не поддржува известувања, така што корисниците не добиваат известувања кога ќе добијат порака.