Мате Римац објави нови фотографии со кампусот

Објавено на 03.05.2023 во Електричен погон



Мате Римац објави нови фотографии со кампусот

Мате Римац започна да гради нов кампус за компанијата Rimac Automobili, кој сака да го направи најдоброто можно опкружување за своите вработени. Во такво добро опкружување најдобро се прават врвни производи, каде што ќе се развиваат и дизајнираат сите идни модели на Bugatti и Rimac, како и делови за други производители на автомобили со кои што компанијата соработува.

Новиот кампус ќе биде седиште за развој и производство, ќе овозможи зголемување на развојните и производните капацитети од малосериски проекти до производството во големи серии од системи со електрични погони, батериски системи, како и други останати технологии. Кампусот ќе биде опкружен со тестна стаза, а ќе има и производство и тестирање, оддел за инженеринг и дизајн, па дури и музеј. 

Автор: Aleksandar Stankov