Мајкл Шварц од Microsoft: Вештачката интелигенција ќе се злоупотреби

Објавено на 05.05.2023 во Новости



Мајкл Шварц од Microsoft: Вештачката интелигенција ќе се злоупотреби

После почетното воодушевување со вештачката интелигенција и нејзините можности што ни ги претстави четботот ChatGPT, во последно време има се повеќе критики и потенцијални опасности од вештачката интелигенција. Мајкл Шварц во Microsoft управува со тимот задолжен за податочна наука и економија. 

Во текот на економскиот форум одржан во Женева, Шварц рекол дека е сигурен дека вештачката интелигенција ја злоупотребуваат луѓе со лоши намери: „Да, тие ќе предизвикаат голема штета и мора да бидеме многу внимателни со цел да го избегнеме тоа по секоја цена“. Додава дека вештачката интелигенција може да ја преземе цела наша работа, што може да премине и во рацете на спамерите.