Шефот на Google „го уништи моралот и културата на компанијата“: Отпушти 12.000 вработени

Објавено на 05.05.2023 во Новости



Шефот на Google „го уништи моралот и културата на компанијата“: Отпушти 12.000 вработени

Многу технолошки компани отпуштија вработени и тоа со голема цифра. Многу шефови ја намалија својата плата на сметка на вработените, додека шефот на Google не се откажува од своите примања. Вработените се револтирани од Сундар Пичаи, за кого велат дека ги „уништил моралот и културата на компанијата“.

Пичаи во џеб кешираше 226 милиони долари за 2022 година. Неговата плата изнесува само 2 милиони долари, добил 6 милиони долари за сигурност и награда во акции од дури 218 милиони долари.