WhatsApp најави нови опции за споделување на фотографии и видеа

Објавено на 06.05.2023 во Новости



WhatsApp најави нови опции за споделување на фотографии и видеа

WhatsApp има добри вести за сите активни корисници. Ако сакате да споделите фотографија преку WhatsApp, видео или документи со други лица или групи, ќе се пренесе само содржината, без никаков опис, односно ќе мора дополнително да додадете опис преку нова порака.

Со новата опција WhatsApp овозможува за сликите видеата и документите да се споделуваат директно со постоечкиот опис, односно описот да се избрише, да се промени или напише целосно нов опис при споделувањето. Во делот со анкети, корисниците што поставуваат прашања сега имаат можност за ограничување на бројот на одговори на прашањето на само едно или да дозволат на другите да одберат повеќе одговори внатре во самата анкета.