Нови детали за Apple VR што може да го замени iPhone

Објавено на 06.05.2023 во iOs



Нови детали за Apple VR што може да го замени iPhone

Првиот Apple VR уред треба да демонстрира голем потенцијал на оваа технологија, но се уште е неизвесно како ќе се продава со оглед на тоа што VR очилата ќе чинат 3 илјади долари. После овој уред во текот на следните години, можеме да очекуваме нови уреди за виртуелна и проширена реалност, кои ќе бидат поевтини.

Во иднина ќе има и очила за проширена реалност, и ќе изгледаат како класични очила за вид или за сонце. Аналитичарот Марк Гурман открива дека VR очилата ќе бидат со два приклучока, еден USB-C за пренос на податоци, и другиот магнетен приклучок преку кој што уредот ќе се спои со батеријата.