Google планира да го персонализира својот пребарувач со вештачка интелигенција

Објавено на 08.05.2023 во Новости



Google планира да го персонализира својот пребарувач со вештачка интелигенција

ChatGPT го освои светот, Microsoft го вгради во својот пребарувач Bing и сега Google бара начин како да конкурира. Нивниот AI chatbot Bard се уште нема голема популарност, но тоа не го спречи Google да продолжи да работи на развојот на вештачката интелигенција и начинот како ја интегрира таа нова технологија во своите производи. 

Како што пишува Wall Street Journal, повикувајќи се на документите што ги добивале на увид, Google планира да воведе вештачка интелигенција во својот пребарувач и така да ја направи „персонализирана“, лично за корисниците.

Вештачката интелигенција конкретно ќе има за цел да го направи пребарувачот полесен и едноставен за користење со персонализирани резултати и акцент на визуелното. Во документите се истакнува дека се става акцент на „служење на младите корисници во цел свет“.