Шефот на OpenAI откри новости за ChatGPT

Објавено на 08.05.2023 во Новости



Шефот на OpenAI откри новости за ChatGPT

Компанијата OpenAI е од отворен тип кога станува збор за алгоритмите, машинското учење и куп на податоци што ги користеле за развој на големиот јазичен модел ChatGPT. Сите лични податоци на корисниците OpenAI, ги меморира во својата база и тоа предизвика во одредени моменти негодување од страна на корисниците. 

Поради тоа OpenAI е на удар на критики, но условите за користење на ChatGPT остануваат исти. Во разговор за CNBC, шефот на OpenAI, Сем Алтмен, најави дека неговата компанија веќе нема да ги користат податоците на корисниците што плаќаат за пристап кон ChatGPT (т.е. пристапуваат преку API), за понатамошен тренинг на системот. 

„Клиентите сакаат да не се вежбаме со нивните податоци, па така ги променивме нашите планови, нема повеќе тоа да го правиме“, изјави Алтмен.