Google Pixel Tablet ќе биде најголема конкуренција на Apple iPad

Објавено на 08.05.2023 во Android



Google Pixel Tablet ќе биде најголема конкуренција на Apple iPad

Конкуренцијата е огромна, а Apple iPad е доминантен на пазарот. Google е убеден и цели кон тоа наскоро да се промени. Компанијата најави дека оваа година ќе биде претставен новиот Pixel Tablet. 

Се уште немаме официјални информации, но аналитичарите очекуваат Google да го претстави новиот модел на традиционалната годишна конференција I/O. Таблетот се појави веќе на Amazon во Јапонија за цена од 590 долари. Pixel Tablet се очекува да пристигне со Google Tensor G2 процесор, 8GB RAM меморија, 10,95 инчен екран, задна и предна камера со резолуција од 8MP, 3 микрофони и 4 звучници.