Наскоро почнува продажба на електричен автомобил за цена помала од 10.000$

Објавено на 09.05.2023 во Електричен погон



Наскоро почнува продажба на електричен автомобил за цена помала од 10.000$

Електричните автомобили се уште се прилично скапи во споредба со моделите од слична категорија со бензински и дизел мотори и за многумина тоа е главната причина зошто не сакаат да се одлучат за купување на возило со електричен мотор. 

Електричниот автомобил MG Comet може сепак да се купи за цена помала од 10 илјади долари. MG Comet е претставен на индискиот пазар, станува збор за возило со минијатурни димензии за 4 лица. Располага со 17,3 kWh батерија која што би требало да издржи до 230км помеѓу две полнења. За да ја наполните батеријата од 0 до 100%, потребни се 7 часа.

Автор: Aleksandar Stankov