Huawei го претстави новиот адут од P серијата

Објавено на 11.05.2023 во Новости



Huawei го претстави новиот адут од P серијата

Huawei го одбра Минхен за европска премиера на своите нови производи. Претставени се два нови врвни телефона: Huawei P60 Pro и преклопниот Huawei Mate X, носечки уреди и персонални компјутери. Huawei во Европа има се уште околу 20 истражувачки центри, а во Европската патентна канцеларија се пријавени над 4500 патенти.

Huawei P60 Pro има подобрен оптички систем, прв во индустријата со телефото камера и ултра осветлување со повеќе групи на леќи. Под хауба има Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1 4G процесор, 8GB или 12GB RAM меморија и 256GB/512GB внатрешна меморија. Екранот со дијагонала од 6,67 инчи е LTPO AMOLED со фреквенција на освежување од 120Hz. 


 
Од предната страна се наоѓа селфи камерата со резолуција од 13MP, додека од задната страна има три XMAGE камери. Задната камера има резолуција од 48MP, ултра-широка камера од 13MP и телефото камера од 48MP. Батеријата од 4815 mAh има брзина на полнење 88W , HarmonyOS оперативен систем и EMUI 13.1 кориснички интерфејс.