Google официјално го претстави првиот преклопен смартфон Pixel Fold

Објавено на 12.05.2023 во Преклопни уреди



Google официјално го претстави првиот преклопен смартфон Pixel Fold

На Google I/O конференцијата беа претставени повеќе производи со нов хардвер со алатки базирани на вештачка интелигенција. Првиот преклопен смартфон на Google - Pixel Fold, пристигнува со 5,8 инчен екран со 120Hz. Кога се отвара, добива екран од 7,6 инчи, има Google Tensor G2 чипсет и 12GB RAM меморија, со 256GB / 512GB меморија.

Задната камера се состои од 48MP + 10,8MP + 10,8MP, додека на надворешниот екран има камера од 9,5MP и на внатрешниот екран сензор од 8MP. Има батерија со капацитет од 4821 mAh и 30W брзина на полнење, Android 13 оперативен систем. Pixel Fold од јуни ќе биде достапен во САД, Велика Британија, Јапонија и Германија за цена од 1800 долари.