Google Pixel 7a: Смартфон со ниска цена и моќни перформанси

Објавено на 12.05.2023 во Новости



Google Pixel 7a: Смартфон со ниска цена и моќни перформанси

За многу корисници интересен смартфон е Pixel 7a, кој пристигнува со опции на предводник за добра цена. Располага со 6,1 инчен екран со 90Hz, има моќен Tensor G2 процесор, 8GB RAM + 128GB внатрешна меморија, а најважна од се е 5 годишната безбедносна надградба, што Google ја овозможува.

Главната камера е 64MP, има ултра-широк сензор од 13MP, додека од предната страна има 13MP за селфи. Телефонот чини само 500 долари, што за овие перформанси е одлично.