AI пребарувањето кај Google тукушто стана понапредно

Објавено на 12.05.2023 во Новости



AI пребарувањето кај Google тукушто стана понапредно

Покрај хардвер, Google претстави и нови опции за својот пребарувач, кој отсега ќе применува AI chatbot за одговарање на прашањата на корисниците. Резултатите од пребарување во иднина ќе се прикажуваат така што покрај класични резултати, ќе има и резултати со предлог од вештачката интелигенција.

Новиот начин на предбарување на почетокот ќе биде достапен кон ограничен број на корисници, но само во САД. Најавено е блиско ширење на достапност преку нивниот четбот, базиран на вештачката интелигенција. Bard така наскоро би можел да стане достапен во 120 земји, на 40 јазици.

Google најави и екстензија на Bard за своите популарни сервиси како што се Gmail и Docs, така што корисниците ќе може да поставуваат прашања и ќе го користат овој AI chatbot директно од тие апликации. PaLM 2 е уште еден AI новитет на Google, кој претставува најголемиот јазичен модел досега, кој што има за цел да му конкурира на ChatGPT.

Автор: Aleksandar Stankov