Инженерите на Apple веќе 7 години работат на нов уред, излегува на 5 јуни

Објавено на 14.05.2023 во iOs



Инженерите на Apple веќе 7 години работат на нов уред, излегува на 5 јуни

Apple традиционално во јуни ја одржува WWDC конференцијата со хардверски и софтверски новитети. Се очекува Тим Кук да ги претстави новите очила за виртуелна и проширена реалност, кои што наводно ќе може да го заменат iPhone.

Информациите за VR/AR уредот ги читаме со месеци и доаѓаат од различни извори. Оваа недела за Apple очилата пишуваат и од The Wall Street Journal, според кои уредот не е доволно спремен за масовна потрошувачка. Најверојатно Тим Кук сака да излезе со новости и да го претстави новиот уред на Apple, со цел да му покаже на светот дека после седум години веќе имаат речиси готов производ, што треба уште да се усовршува.

Новиот производ ќе овозможи мешана реалност на корисниците, но благодарение на надворешните камери, во екраните ќе може да се види и светот околу себе. Понеделник, 5 јуни ќе знаеме се официјално.