Google ја блокира содржината за корисниците што користат Ad Blocker на YouTube

Објавено на 15.05.2023 во Новости



Google ја блокира содржината за корисниците што користат Ad Blocker на YouTube

YouTube се уште не дозволува забрана за приказ на реклами, па затоа оние што сакаат да ги блокираат рекламите, им се блокира цела содржина. Google за таа цел сака да овозможи опција со која што ќе може да се блокираат рекламите, со цел да се подобри корисничкото искуство. 

Исто така, Google мора да најде начин за прикажување на рекламите на што е можно поголем број на корисници, со цел да не пресуши „бунарот“ од кој што пие вода. Се разбира, се што ни е дадено бесплатно, мора да има своја цена. Се разбира, може да платите YouTube Premium во секој момент и таму нема да имате никакви реклами.

Корисниците што ги користат програмите со Ad Blocker отсега ќе им бидат блокирани, па затоа Google ги советува да почнат со претплатничкиот сервис YouTube Premium. Google нема намера да ја исклучи детекцијата за блокирање на реклами.