Илон Маск официјално ја претстави новата шефица на Twitter

Објавено на 15.05.2023 во Новости



Илон Маск официјално ја претстави новата шефица на Twitter

Линда Јакарино ќе го преземе водството со социјалната мрежа Twitter. Компанијата моментално се соочува со бројни предизвици и голем долг, а Јакарино претходно била посветена неколку години на модернизација и маркетинг во NBC Universal, каде што сопственик е Comcast Corp.

„Возбуден сум што можам да и посакам добредојде на Линда Јакарино, како нова извршна директорка на Twitter. Линда првенствено ќе се фокусира на деловните операции, додека јас ќе се фокусирам на обликувањето на производи и новата технологија“, ја претставил Илон Маск. 

Кон крајот на 2022 година, Илон Маск најави дека планира да се повлече од челната позиција на Twitter, во моментот кога ќе најде нов наследник. Инаку, милијардерот Маск е сопственик и на компанијата за електрични возила Tesla Motors и компанијата за производство на вселенски летала, SpaceX.

Автор: Aleksandar Stankov