Со новиот Windows 10 есенва доаѓа Paint 3D и подобра Cortana

Објавено на 27.09.2017 во Новости



Со новиот Windows 10 есенва доаѓа Paint 3D и подобра Cortana

Microsoft со есенската надградба ќе го подобри оперативниот систем со неколку нови алатки. Се разбира, се повеќе се труди да ги поврзе компјутерите и мобилните уреди на едноставен начин. Cortana ќе има поголем опсег на команди, при што ќе можете да го вклучувате, исклучувате и рестартирате вашиот компјутер. На тој начин нема да имате потреба од автентификација на вашиот идентитет, туку Cortana ќе го препознава вашиот глас, со цел да не дојде до злоупотреба.

Новата опција Pick up where you left off ви овозможува сите работи што сте ги ставале во оваа колекција да ги префрлате на вашите мобилни уреди со iOS или Android оперативен систем. Со Cloud-powered Clipboard и OneDrive Files on Demand ќе може да копирате датотеки од Windows 10 и да имате пристап од двете претходно-наведени места.

Microsoft Paint е програма што веќе ја користиме 32 години, затоа сега преминуваме на Paint 3D. Microsoft Paint се уште ќе биде бесплатно достапна како апликација во Windows Store, па ако ја сакате, нема да имате проблем да ја преземете. Проблемот што би можел да излезе со најновата надградба е што нема да биде компатибилно со постарите процесори, Atom-базирани CPU. Во тој случај Microsoft ќе ја понуди постарата Windows 10 Anniversary Update верзија.





 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}