Samsung Galaxy S23: Новата надградба со опција за префрлање на видео повици на таблети

Објавено на 17.05.2023 во Новости



Samsung Galaxy S23: Новата надградба со опција за префрлање на видео повици на таблети

Се шпекулира дека Samsung се подготвува за надградба на Galaxy S23 серијата, а на одредени места веќе ги има и новите опции, покрај безбедносната надградба. Ice Universe ја објави новата функција што излегува заедно со најновата надградба на Galaxy S23, со која што ќе може да се извршува трансфер на видео повици кон таблети.


 
Надградбата „тежи“ 360MB и ја вклучува и февруарската безбедносна надградба од оваа година. Најважна е новата алатка што ќе овозможи за корисниците на Galaxy S23 да го променат екранот кон таблетот за време на видео повик. Се разбира, двата уреда, телефонот и таблетот, мора да бидат конектирани на истата Wi-Fi мрежа, со цел да профункционира сето ова.