Google ќе почне со бришење на неактивни Gmail профили
Објавено на 17.05.2023 во Новости
Google објави пред неколку години дека ќе почне со бришење на неактивни Gmail профили со цел да ослободи меморија. Тогашната политика на компанијата не дозволуваше бришење на профилите, туку само ослободување на простор со бришење на одредени содржини.
Сега политиката на компанијата е променета и Gmail профилите што се неактивни може да бидат избришани до крајот на 2023 година. А кому му се потребни неактивни мејлови, чии сопственици најверојатно веќе користат други/нови профили.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.