WhatsApp: Chat Lock или шифриран разговор со дополнителна заштита

Објавено на 17.05.2023 во Новости



WhatsApp: Chat Lock или шифриран разговор со дополнителна заштита

WhatsApp официјално ја претстави опцијата “Chat Lock”, која што овозможува сите тајни разговори да бидат со дополнителна заштита. WhatsApp веќе овозможува да пристапите кон апликацијата само со внесување на лозинка, односно користење на биометрија, за пристап кон тој фолдер со тајни разговори ќе биде потребно повторно да внесете PIN, отпечаток со прст или препознавање на лице.

WhatsApp веќе најави дека оваа опција набрзо добива надградба со нови опции за избор на PIN, кој не смее да биде ист со главниот PIN на телефонот. Оваа опција ќе помогне за сите блиски што веќе го знаат вашиот PIN за отклучување и вклучување, да не биде ист, како дополнителна безбедност, со цел да не ви ги читаат пораките.