Beats Studio Buds+ официјално ги претстави првите транспарентни слушалки на Apple

Објавено на 18.05.2023 во iOs



Beats Studio Buds+ официјално ги претстави првите транспарентни слушалки на Apple

Apple е сопственик на Beats брендот, познат под името Beats by Dr. Dre. Apple им плати на раперот Dr. Dre и ко-скопственикот Jimmy Iovine вкупно 3 милијарди долари во готовина и акции за компанијата. Безжичните слушалки не беа нешто посебно во 2014, но сега корисниците ги бараат добро познатите Apple AirPods.

Портфолиото Beats растеше со текот на годините со повеќе продажба и профит, што е добро за Apple. Beats Studio Buds+ слушалките си имаат сопствен уникатен дизајн и големина. Новата транспаретна верзија е една од трите нови достапни опции, која веќе може да се нарача. Цената на било кој модел изнесува 170 долари.