Apple забранува на вработените да користат ChatGPT и било каков AI chatbot!?

Објавено на 19.05.2023 во iOs



Apple забранува на вработените да користат ChatGPT и било каков AI chatbot!?

Само што беше официјално објавено дека OpenAI лансира iPhone апликација за ChatGPT, Apple им забрани на вработените да користат AI chatbot. Според Wall Street Journal, Apple развива своја AI платформа и затоа не сака да излезат никакви доверливи информации надвор од ѕидовите на компанијата.

Apple исто така ги предупредил вработените да не употребуваат GitHub CoPilot, кој функционира со автоматски софтверски код на база на вештачка интелигенција. Причината за целото ова внимавање е поради начинот на кој функционира AI chatbot општо.

Тој применува јазичен модел што одговара на прашања, одговара на задачи и пишува текстови со копирање на човечкото однесување. Кога се користи ChatGPT апликација, информацијата се праќа до девелоперот, со цел да го подобри својот chatbot, па на тој начин може да добие строго доверлива информација.