Волатилниот пазар со криптовалути ќе се регулира со ЕУ уредба

Објавено на 20.05.2023 во Крипто



Волатилниот пазар со криптовалути ќе се регулира со ЕУ уредба

Bitcoin и Ether имаа енормен раст, со што многумина се збогатија одеднаш. Некои подигнуваа кредити и се задолжуваа купувајќи криптовалути кога биле на врвот и на самиот крај со падот на крипто пазарот, завршиле во голем минус и дел од нив можеби се уште отплаќаат такви кредити.

Поради волатилноста и несигурноста на пазарот, често пати се повикуваат надлежните да се регулира и да се донесе закон со цел да се доведе пазарот во ред. Европската унија донесе нова Уредба за пазарот со крипто имот (MiCA), чија цел е да ги заштити оние што вложуваат во криптовалути и да ја зачуваат финансиската стабилност, но исто така и да ја поттикнат привлечноста на секторот со крипто имот и да поттикнат иновации.