WhatsApp коонечно објави опција за измена на пораките!

Објавено на 23.05.2023 во Новости



WhatsApp коонечно објави опција за измена на пораките!

WhatsApp конечно ќе воведе опција за промена на веќе испратените пораки за сите корисници. WhatsApp официјално потврди денес, а новата функција ќе излезе во наредните недели. 

Корекција на зборовите за испратени пораки сега ќе биде возможно со едноставно задржување на 2 секунди врз самиот збор од испратената порака. Потоа одбирате Edit од понудените опции, што ќе ви биде достапно само во рок од 15 минути.