BinBin тротинетите во Скопје: Facebook корисник имал тешко искуство, наплатата не се прекинува

Објавено на 24.05.2023 во Новости



BinBin тротинетите во Скопје: Facebook корисник имал тешко искуство, наплатата не се прекинува

BinBin компанијата во Скопје неодамна лансираше услуга со изнајмување на електрични тротинети во град Скопје. Услугата подразбира изнајмување преку апликација и наплата исклучиво електронски. без никакви физички лица. 

На луѓето навистина им се допадна оваа услуга и почнаа да ја користат. Меѓутоа, има еден случај од пред 2 дена, кој што се најавил на апликацијата и го започнал возењето, кое што никако не можело да прекине наплата. Со завршувањето на возењето, треба да го лоцираш тротинетот и да го сликаш и така да се прекине наплата. Меѓутоа, тука почнала целата голгота на Facebook корисникот Djole Mikasa, која што може да ја прочитате во прилог одоздола:

„Со постов сакам да ви го свртам вниманието и да ви споделам едно горко искуство од синоќа со BinBin градскиве тротинети. Синоќа ќерка ми изнајмила тротинет. Го активираш тротинетот односно сесијата, го возиш тротинетот, застануваш, го сликаш каде е, апликацијата го лоцира кодот од тротинетот, ја завршуваш сесијата со копчето End Ride и готово. Е ама не е готово. Неприметно копчето End Ride повторно се враќа за кратко време во функција. Сесијата као завршува, барем таков впечаток добиваш но броењето на пари во позадина не завршува. Се појавува функционален "bug" во апликацијата кој истата не ја застанува и не ја регистрира сесијата на сервер туку само за момент во самата апликација. На сервер си работи. Ти кажува дека се' е во ред, тротинетот е заклучен, повторно го става во mode да стиснеш unlock ако сакаш пак да го активираш, а во позадина апликацијата си работи и си брои пари. Можеш да приметиш на главниот екран од акаунтот дека брои време како да е сеуште букиран тротинетот, а со тоа и дека ти брои средства. Сакаш повторно да го сликаш тротинетот и да стиснеш End Ride за да ја завршиш сесијата. Не ти дозволува да го направиш тоа. Залудно се трудиш. Не е битно дали ставаш средства претходно во Wallet или плаќаш веднаш цел износ со комплетно префрлање средства на крајот од возењето. Таа секако си брои. Не можеш да платиш. Сесијата си трае. Не запира. Нема како да ја запреш преку апликацијата. И во Wallet кога ќе ги надмине средствата не застанува. Сеуште брои време и средства. Да платиш не можеш, сесијата не можеш да ја сопреш иако претходно си активирал End Ride за да ја завршиш услугата. Е сега да не се сфатиме погрешно. Пишувам за нашиов случај од синоќа. Не за секој друг случај. Значи апликацијата си брои без оглед на се'. Ако не приметиш дека по заклучувањето на апликацијата и заклучениот тротинет апликацијата си брои во позадина отидоа куп пари. Нема како да го прекинеш броењето бидејќи според апликацијата тротинетот е веќе во мирување и е заклучен. Не можеш два пати да го заклучиш. Толку. Ама пари и понатаму си брои. Треба да се бркаш со Help центарот online со допишување цела вечер за да успееш да го прекинеш броењето. Допишувањето е стриктно на англиски јазик (сепак некои луѓе не знаат англиски) или на турски јазик (BinBin е турска фирма). Во меѓувреме апликацијата си брои пари. Не е важно што тротинетот си го заклучил и оставил, а во меѓувреме можеби друг го превземал. Ти се мачиш со апликацијата, кај тебе стои активен кодот и иако го гледаш како заклучен, веќе некој друг може да го изнајми и да си го вози што всушност синоќа и се случи. Тебе важно сеуште ти брои пари односно апликацијата бидејќи има активна сесија која не можеш да ја прекинеш истата симулира дека го возиш. Полиција не може да ти помогне (и тоа го пробавме) бидејќи немаат никаков контакт со тоа. Реално се сложувам дека не е во нивна надлежност ниту пак се запознаени со некаква процедура врзана за ова. Воопшто не ги обвинувам. Беа максимално културни но едноставно не можеа да ни помогнат. Сакам да кажам ти нема помош. Физички немаш каде да се обратиш. Само губиш време ако стоиш. Апликацијата продолжува да си брои пари. Истата има активен "bug" кој си работи во позадина и му генерира податоци на серверот дека ти сеуште активно си го возиш тротинетот. И додека ти се бркаш со Help центарот тоа си брои пари, нема како да си ги вратиш парите или да го поништиш екстра направениот долг во меѓувреме додека се бркаш со Help центарот. Се' е online, физичко лице нема со кое можеш да контактираш, поддршката е online и најверојатно не е ниту во Македонија (не тврдам). Незаштитени ти се средствата комплетно. Нема каде да се пожалиш. Не постои ништо. Сигурно постои некое физичко лице кое се регистрирало како правно лице во државава за да ја извршува наведената услуга и толку. Ги поставил тротинетите по градов и започнал со дејноста. Само тоа е најверојатно физичкиот дел од работава. Се' е друго online и практично физички не постои и си немоќен ништо да направиш. Ајде да направиме една брза калкулација. Замислете вашето дете еднаш во 10 дена решило со вашата картичка која сте му ја дале да плати за возењето со изнајмен електричен тротинет. Завршува со возењето, слика, праќа и готово. Се' е во ред. Навидум. Јас не велам дека тоа е секојдневно. Тоа се функционални "bug"-ови во една апликација кои не мора да се појават секогаш (грешки при изработка на софтверот кои се појавуваат во текот на неговото користење и нарушуваат употреба на одредени негови функции). Може скоро никогаш да не се појават, но може во еден период да се појават и премногу често бидејќи при тестирањето на апликацијата пред да се пушти во јавна употреба истата, не биле пронајдени тие "bug"- ови што во конкретниов случај е еден огромен пропуст на фирмата која го тестирала софтверот. Тестирањето на апликацијата може само да го докаже постоењето (присуството) на грешките (bugs), не може да го докаже и нивното отсуство. Во случајов е евидентно дека тие "bug"- ови постојат во апликацијата. И замислете да се појави овој функционален "bug" и да се активира како синоќа што се активираше во апликацијата инсталирана на телефонот на ќерка ми. Апликацијата продолжува во позадина да си брои пари. И ете вашето дете платило за услугата пред 10 дена и 10 дена не ја гледа апликацијата. После десет дена детето повторно ја вклучува апликацијата и сака повторно да изнајми електричен тротинет. Приметува дека апликацијата сеуште брои. Цената е 9 ден. за една минута. За 24ч ќе ви набилда сметка cca 13000ден. За 10 дена cca 130000ден. Вистински хорор. 10 просечни тротинети ќе купите за тие пари. Нема каде да се обратите. Долгот е направен мора да си го платите. Немоќни сте. Што правиме? Залудно е кубење коси. Се' е залудно. Уште и извршител ќе ви се јави за да си го подмирите долгот доколку во зададениот рок не го подмирите. Значи за наплата најверојатно дека се' е одлично организирано. Во рок од неколку дена (има рок, не сум во потполност сигурен кој е вистинскиот) треба да си го подмирите долгот. Во спротивно ќе си имате присилна наплата. Додека не го платите долгот не можете да го избришете акаунтот од апликацијата. Не можете да се скриете. Ве имаат и ве гледаат кои сте. Ви го имаат телефонот. Не зборувам ништо на памет. Ништо не нафрлам. До 04ч синоќа лутавме и едвај ја исклучивме активноста на тротинетот преку online help со некој момак Ахмед, најверојатно од Турска (не тврдам) кој беше најверојатно задолжен синоќа како техничка поддршка во Help центарот со кој на крај успеавме некако да искомуницираме во потполност. Му благодарам и за тоа. Парите ги плативме и сето екстра кое како сметка се набилда во меѓувреме од страна на апликацијата додека лутавме и баравме решение. Уште требаше да бидеме и среќни што не беа повеќе пари за плаќање. Па и бевме верувајте. До толку е работава. Бричен, нецеливан е целава ситуација. Многу јака голгота беше тоа синоќа. Внимавајте со апликацијава. Ми се чини дека во случајов залудна е и Агенцијата за заштита на потрошувачи. Поздрав...“

Во надополнување, има уште една објава пред еден ден:

„Имам нешто да дополнам по однос на вчерашниот пост и би ве замолил да обрнете внимание на следното... Мојот пост кој го напишав вчера немаше за цел јавно да прозива никого ниту пак некого да вреѓа на било каков начин. Мојот пост имаше за цел да им помогне на сите оние корисници на изнајмени тротинети кои кога би се нашле во истата ситуација во којашто се најдов јас да знаат што да направат и како да постапат. Тоа е главната причина заради која го напишав постот. Јас како дипломиран машински инженер сум работел во најразлични услови и сум сфатил дека нема ништо идеално. Не постојат идеални услови, не постојат идеални машини. Се' си има свои предности и недостатоци. Анализите и изнаоѓањето решенија секогаш ми биле јака страна. Сега веќе неколку години како софтвер тест инженер кога на сето тоа претходно искуство ќе го надоврзам и ова искуство можам да потврдам дека и во IT индустријата е истата приказна. Не постои совршен софтвер. Не постои идеален софтвер. Не постои софтвер без грешки. Не постои такво нешто на овој свет. Она на кое сум посветен во оваа професија само ме стави во предност да увидам што се случува со апликацијата, да воочам одредени грешки, изнајдам во моментот какво такво решение и истото го пренесам овде за да можат луѓето тоа да го искористат како информација. Се' со цел да бидете повнимателни при користењето на апликацијата. Заради тоа мое познавање од оваа област увидов некои функционални грешки во апликацијата кои дефинитивно постојат и за истите дадов објаснувања со цел да не го доживувате стресот кој јас го доживеав и да го решите веднаш проблемот. Бидејќи апликацијата јавува одредени грешки, истите ги објаснив до толку детално за да може и мало дете да ги разбере. Постот имаше за цел да ги приближи корисниците поблиску до користењето на апликацијата односно да обрне внимание на можните последици. Упатството за користење ќе ви каже како да управувате со апликацијата. Луѓето како мене ќе ви кажат на што да бидете внимателни при користењето на апликацијата. Од друга страна постот имаше за цел проблемот да допре до техничкиот сектор како и до менаџментот на компанијата BinBin за да можат и тие самите да увидат во кој дел од апликацијата е лоциран проблемот за да можат да интервенираат веднаш. Дечки постот беше наменет за помош на сите. Не беше наменет за да се ситиме едни на други и да се мразиме. Она кое најмногу не ми се допаѓа и погодува се написите на одредени портали каде новинари го масакрираат мојот претходен пост вадејќи ги од контекст моите реченици. И сметам дека тоа не е во ред. Во овој пост јавно се оградувам од сите такви написи. Постот беше чисто технички напишан. Ниту популистички ниту политички. Да бидеме јасни. Математиката (односно калкулацијата) која јас ја презентирав во постот за пресметка на услугата на тротинетите, во мое време се учеше во трето одделение. Нема тука ништо за чудење. Таблица множење е во прашање. Најобични базични математички операции. И тоа беше извртено во некои написи во одредени портали. Некои новинари кои очигледно немаат поим што значи софтверски “bug” нафрлаат реченици кои ама баш врска немаат со проблемот и ги носат луѓето во заблуда. Само читајте го постот и внимавајте што е наведено за да не се случи повторно грешка додека компанијата BinBin работи на проблемот. Оставете ги нафрлувањата од сите останати кои немаат допирна точка со оваа проблематика. Луѓе, да расчистиме една многу важна работа. Јас ниту сум јавна личност ниту пак ми е важно да бидам јавна личност. Но сакам да се знае дека ова беше еден апел до компанијата BinBin да согледа дека има проблем и да излезе во пресрет доколку некој корисник западне во слична ситуација како мојата, притоа надоместувајќи му ги изгубените средства имајќи ја ситуацијата во предвид. И ете. Луѓе од BinBin се заинтересираа уште рано утрово и ме исконтактираа. Искрено се изненадив колку се сериозни бидејќи веднаш се зафатија со решавање на проблемот што според мене е многу позитивен момент. Главниот менаџер на компанијата BinBin господинот Visar Durak ме исконтактира. Имавме разговор со одговорни луѓе задолжени за решавање на проблемот и еве уште денес се работи на проблемот. Мое беше само да ги наведам случаите во кои настапуваат грешките, нивно е да направат “debugging” на апликацијата и се' да си заземе свој ред понатаму со сите следни постапки до комплетно решавање на апликацијата од страна на нивните луѓе задолжени за унапредување на истата. На апликацијата уште од денес се работи (затоа волку доцна го пишувам постов) и ќе биде средена деновиве. Центарот за корисничка поддршка преку апликацијата ќе биде постојано достапен во случај на било каков кориснички проблем. Не знам што да кажам освен тоа дека постот вроди со плод односно компанијата веднаш настапи сериозно да го решава проблемов. Секоја чест. И што е најважно доколку евентуално ви се појави ваков проблем истото ова ќе го имаат во предвид. Тоа беше и целта на сево ова. Верувајте јас од ова немам ама баш никаков бенефит. Не зависам од никого. Го направив ова затоа што сметам дека секогаш вреди некому да му се помогне. Господин Visar напомена дека размислуваат во најскоро време да се активира контакт центар за поддршка на корисници да при било каков проблем се олесни корисничката поддршка со директно јавување што според мене е одлична идеја. Она на кое сакав да дадам акцент е следното... Да си помагаме. Не да се мразиме. Според мене сите заедно направивме уште една успешна приказна. Направивме уште едно добро дело. Бидете ми поздравени...“