Работа од соништата за TikTok-ери: Агенцијата плаќа 1000 долари од час за гледање видеа

Објавено на 25.05.2023 во Новости



Работа од соништата за TikTok-ери: Агенцијата плаќа 1000 долари од час за гледање видеа

Агенцијата за маркетинг на инфлуенсери Ubiquitous, почнала да плаќа за скролање на TikTokhttps://telefoni.mk/news-16955-video-kako-iPhone-paga-od-djeb-na-padobranec-od-4-2km-visocina.html. Изгледа како работа од соништата за бројни корисници на социјалната мрежа, кои што и така и онака минуваат многу време пред екраните. Сега е добра вест што може да бидат и платени за тоа. 

Еден час сурфање на TikTok може да биде платено и по 100 долари. Во огласот за “TikTok Watching Job”, агенцијата напишала дека оние што ја добиваат оваа работа мора во текот на еден ден да поминат дури десет часа, прегледувајќи видеа на платформата. Се разбира, не е препорачливо некој да помине речиси половина ден гледајќи во мобилните екрани, но така многумина станаа зависни од смартфоните што и онака минуваат многу време на социјалните мрежи, а сега може да добијат дури 10 илјади долари.  Крајниот рок за пријавување за работата е 31 мај.  

Автор: Aleksandar Stankov