Европската комисија одобри државна помош за проектот со роботакси на Rimac

Објавено на 25.05.2023 во Електричен погон



Европската комисија одобри државна помош за проектот со роботакси на Rimac

Поддршката ќе биде во облик на директна неповратна помош и ќе покрие 45% од сите прифатливи трошоци. Ако се покаже проектот како успешен и реализира дополнителна заработка, корисникот ќе врати на државата дел од примената помош.

Се работи за проект со широка урбана мобилност во Загреб, која што на корисниците ќе им овозможи комбинирање на повеќе начини на превоз преку уникатна платформа. Ако биде успешна, тогаш ќе се прошири и во други градови во ЕУ. Целта на поддршката е да се помогне на компанијата P3M (Project 3 Mobility LLC) во развојот на услугата која што се базиран а целосно автономни електрични возила, таканаречени роботаксија.

P3M е основана од Мате Римац, Марко Пејовиќ, директор за стратегија во Rimac Automobili и Адријано Мудри, главен дизајнер во Rimac Automobili.