ТикТок не заостанува со технологијата, тестира свој ЧетБот

Објавено на 26.05.2023 во Новости



ТикТок не заостанува со технологијата, тестира свој ЧетБот

Кинеската социјална мрежа ТикТок тестира свој ЧетБот, наречен „Тако“, кој што ќе може да се употребува како пребарувач и навигатор. Со помош на вештачка интелигенција, новиот ЧетБот ќе препорачува видеа врз основа на претходно пребаруваните зборову од страна на корисникот. 

Темелно се менува искуството на корисниците, кои што ја користат социјалната мрежа. Ќе може да се пребаруваат содржини преку командите напишани на прозорецот за разговор. Методите што се применуваат за креирање на Тако се уште се непознати, односно на кој јазичен модел се базира. Инаку, Тако е веќе достапен за одреден број на корисници, кои тврдат дека знае голем број на прашања.