ChatGPT е доведен под знак прашалник во Европската унија

Објавено на 27.05.2023 во Новости



ChatGPT е доведен под знак прашалник во Европската унија

ChatGPT станува под знак прашалник, дали ќе се користи во Европа. Доколку се прифати актуелниот предлог за Акт за вештачката интелигенција, ChatGPT најверојатно ќе престане со работа во Европската унија, вел Сем Алтмен, шефот на OpenAI

„Ќе се обидеме да се придржуваме до правилата, но ако не можеме, ќе престанеме да работиме. Деталите се многу важни“, вели Алтмен.

Инаку, Европската унија е во фаза на изработка на правна рамка за развој на вештачката интелигенција, што ќе биде прв таков закон во светот. После расправите во Европскиот парламент, Актот за вештачката интелигенција би требало да се најде на усвојување до крајот на јуни.