Xiaomi го пушта 13 Ultra надвор од границите на Кина, доаѓа во Европа

Објавено на 29.05.2023 во Новости



Xiaomi го пушта 13 Ultra надвор од границите на Кина, доаѓа во Европа

Xiaomi 13 Ultra пристигнува и на европскиот пазар, чија цената ќе биде за 100 евра повисока од Samsung Galaxy S23 Ultra. После успехот на претходниот Ultra модел, кој не беше достапен надвор од границите на Кина, сега Xiaomi одлучи да го пушти во продажба и на стариот континент. 

„Можам да ја потврдам цената од 1.499 евра за Xiaomi 13 Ultra во Европа. Телефонот доаѓа со 12GB RAM и 512GB внатрешна меморија“, напишал познатиот ликстер Шан Агарвал на Twitter.

Xiaomi има адаптер за полнење од 90W во кутијата и заштитна маска за својот телефон. Почетната верзија на Xiaomi 13 Ultra во Кина чини околу 795 евра. Под хауба има Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2 процесор, 6,73-инчен AMOLED екран со резолуција од 3200 x 1440 пиксели, брзина на освежување до 120Hz, батерија од 5.000mAh и 50W безжично полнење. Акцент се става на камерата и Vario-Summicron леќата на компанијата Leica.