Samsung Galaxy Z Flip 5 пристигнува со нови бои
Објавено на 29.05.2023 во Преклопни уреди
Рос Јанг како ко-основач и извршен директор на Display Supply Chain Consultants (DSCC) има увид во многу информации и тоа точни. Така најновите информации од него се дека Samsung Galaxy Z Flip 5 ќе пристигне во сина, зелена, платинум и жолта боја.
Другите бои ќе бидат како и претходните: беж боја, сива, светло зелена и светло розева. Galaxy Z Fold 5 ќе пристигне во сина и платинум боја, беж боја, црна и светло сина. Боите годинава нема да бидат големата промена кај преклопниот смартфон во форма на школка, туку 3.4-инчениот секундарен екран, што го заменува 1.9-инчениот екран на Galaxy Z Flip 4. Galaxy Z Flip 5 годинава пристигнува на 11 август.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.