WhatsApp ја подобрува приватноста на корисниците со сокривање на бројот

Објавено на 30.05.2023 во Новости



WhatsApp ја подобрува приватноста на корисниците со сокривање на бројот

WhatsApp сака да ја подобри приватноста на своите корисници, со тоа што отсега ќе има уникатен прекар на WhatsApp, за отварање на нови разговори и ќе се применува за комуникација со други лица без потреба да го откриваат својот број на телефон.

Моментално корисниците во групите може да ги видат телефонските броеви на другите корисници. Кога опцијата за внесување на корисничко име ќе стане достапна, корисниците веројатно ќе добијат опција за сокривање на телефонскиот број. Опцијата за избирање на корисничко име во WhatsApp е достапна на местата каде што има информации за самиот профил.