Motorola Razr 40: Motorola го претстави својот прв буџетски преклопен смартфон

Објавено на 02.06.2023 во Преклопни уреди



Motorola Razr 40: Motorola го претстави својот прв буџетски преклопен смартфон

Motorola не се прослави со новите Motorola Razr преклопни смартфони во текот на последниве години, но веруваме дека ќе постигне успех со оглед на напорот што го прави. Претставен е новиот Motorola Razr 40 преклопен смартфон со прифатлива цена, со нов стилски изглед и доаѓа во зелена, крем и лилјакова боја.

Неговото тело е тенко и компактно, има мал 1.5-инчен (OLED) дисплеј од задната страна за известувања, временска прогноза и селфи слики, без да го отворите телефонот. Расклопен, екранот е 6.9 инчи со резолуција од 2640 x 1080 пиксели и 144Hz со HDR10+ технологија. 

Главната камера на Razr 40 е со 64MP и f/1.7, со оптичка стабилизација на сликата, има 13MP ултра-широка камера и f/2.2 и селфи камера од 32MP. Motorola Razr 40 под хауба има Qualcomm Snapdragon 7 Gen 1 процесор, 8GB RAM меморија,  и 256GB внатрешна меморија. Razr 40 доаѓа со 4200mAh батерија, 33W брзина на полнење преку кабел и 5W безжично полнење. Цената на Motorola Razr 40 ќе биде €899 во Европа и ќе се лансира во јули на нашиот континент. 

Автор: Aleksandar Stankov