Не пропуштајте да купите телефон од Redmi Note 12 серијата и да добиете изненадување

Објавено на 05.06.2023 во Новости



Не пропуштајте да купите телефон од Redmi Note 12 серијата и да добиете изненадување

Зачекорете во светот на напредната технологија уште денес, со неверојатната понуда заRedmi Note 12 серијата. Доколку купите некој од моделите на Redmi Note 12 серијата – Redmi Note 12, Redmi Note 12S, Redmi Note 12 Pro, Redmi Note 12 Pro 5G или Redmi Note 12 Pro + 5G, во период од 5 јуни до 2 јули, ќе добиете не само едно, туку две изненадувања: Redmi Buds 4 Lite слушалки и Redmi Band 2 паметена алка.

Оваа понуда е навистина неверојатна, а во продолжение ќе ви откриеме и зошто!

Redmi Note 12 серијата донесува два исклучителни модели - Redmi Note 12 и Redmi Note 12 Pro 5G – кои се дизајнирани за да ги задоволат сите потреби на корисниците.

Redmi Note 12 импресионира со 120 Hz AMOLED екранот, додека 6 nm Snapdragon 685 процесорот и 4 GB RAM овозможуваат брзина и ефикасност. Со 64, односно со 128 GB внатрешна меморија, овој модел дава доволно простор за чување на фотографии и мултимедијални содржини.

Исто така, Redmi Note 12S пружа неверојатно визуелно искуство на 90Hz FHD+Amoled DotDisplay екранот. Придвижуван од MediaTek Helio G95 чипсетот и од 8 GB Ram, гарантирајќи беспрекорен мултитаскинг и играње игри без багови. Со тројната камера од 108MP, корисниците ќе успеат да го доловат секој момент без да се грижат за нивното зачувување, благодарејќи на 128 GB внатрешна меморија.

Во врска со Redmi Note 12 Pro, овој модел се издвојува со својот софистициран дизајн и со врвните перформанси. Поседува 6.67’’ FHD AMOLED DotDisplay екран со брзина на освежување од 120Hz, како и главна камера од 108MP и Qualcomm Snapdragon 732G чипсет.

Доколку сте во потрага по телефон што ќе го следи вашето секојдневие, Redmi Note 12 Pro 5G е вистинскиот избор за вас. Го придвижува MediaTek Dimensity 1080 5G што овозможува беспрекорна работа на уредот. Исто така, поседува систем на тројна камера 50MP+8MP+2MP со IMX766 сензор.

Повеќе информации побарајте на линкот.

За компанијата Xiaomi

Компанијата Xiaomi е основана во април 2010. година, а во главниот одбор на берзата во Хонг Конг е поставена на 9. јули 2018. Xiaomi е компанија што произведува паметни телефони и уреди поврзани на loT платформата.

Проследена со визијата што гласи „Спријателете се со корисниците и бидете најдобрата компанија во срцата на корисниците“, Xiaomi постојано тежнее кон иновации, висококвалитетно корисничко искуство и оперативна ефикасност. Компанијата е посветена на креирањето на неверојатни производи по пристапни цени за да им овозможи на сите во светот да уживаат во подобар живот низ иновативната технологија.

Xiaomi е една од водечките светски компании за производство на паметни телефони. Според извештајот на компанијата Canalys, пазарниот удел на компанијата во поглед на испораката на паметни телефони бил на третото место во светот во 2022. година. Компанијата ја воспостави водечката светска AloT (al+LoT) платформа, која до 31ви декември 2022. година броеше 589 милиони поврзани паметни уреди, без паметните телефони, таблетите и лаптопи. Xiaomi производите се присутни во повеќе од 100 земји и региони ширум светот. Во август 2022. година, компанијата по чеврти пат доспеа на листата Fortune Global 500, кога се најде на 266. место, што е подобрување од 72 места во однос на претходната година.

Xiaomi е составен дел на Hang Seng, iHang Seng China Enterprises, Hang Seng TECH и на Hang Seng China 50 индексите.

За повеќе информации, посетете https://www.mi.com/global/discover/newsroom