Не пропуштајте да купите телефон од Redmi Note 12 серијата и да добиете изненадување
Оваа понуда е навистина неверојатна, а во продолжение ќе ви откриеме и зошто!
Redmi Note 12 серијата донесува два исклучителни модели - Redmi Note 12 и Redmi Note 12 Pro 5G – кои се дизајнирани за да ги задоволат сите потреби на корисниците.
Redmi Note 12 импресионира со 120 Hz AMOLED екранот, додека 6 nm Snapdragon 685 процесорот и 4 GB RAM овозможуваат брзина и ефикасност. Со 64, односно со 128 GB внатрешна меморија, овој модел дава доволно простор за чување на фотографии и мултимедијални содржини.
Во врска со Redmi Note 12 Pro, овој модел се издвојува со својот софистициран дизајн и со врвните перформанси. Поседува 6.67’’ FHD AMOLED DotDisplay екран со брзина на освежување од 120Hz, како и главна камера од 108MP и Qualcomm Snapdragon 732G чипсет.
Доколку сте во потрага по телефон што ќе го следи вашето секојдневие, Redmi Note 12 Pro 5G е вистинскиот избор за вас. Го придвижува MediaTek Dimensity 1080 5G што овозможува беспрекорна работа на уредот. Исто така, поседува систем на тројна камера 50MP+8MP+2MP со IMX766 сензор.
За компанијата Xiaomi
Компанијата Xiaomi е основана во април 2010. година, а во главниот одбор на берзата во Хонг Конг е поставена на 9. јули 2018. Xiaomi е компанија што произведува паметни телефони и уреди поврзани на loT платформата.
Проследена со визијата што гласи „Спријателете се со корисниците и бидете најдобрата компанија во срцата на корисниците“, Xiaomi постојано тежнее кон иновации, висококвалитетно корисничко искуство и оперативна ефикасност. Компанијата е посветена на креирањето на неверојатни производи по пристапни цени за да им овозможи на сите во светот да уживаат во подобар живот низ иновативната технологија.
Xiaomi е една од водечките светски компании за производство на паметни телефони. Според извештајот на компанијата Canalys, пазарниот удел на компанијата во поглед на испораката на паметни телефони бил на третото место во светот во 2022. година. Компанијата ја воспостави водечката светска AloT (al+LoT) платформа, која до 31ви декември 2022. година броеше 589 милиони поврзани паметни уреди, без паметните телефони, таблетите и лаптопи. Xiaomi производите се присутни во повеќе од 100 земји и региони ширум светот. Во август 2022. година, компанијата по чеврти пат доспеа на листата Fortune Global 500, кога се најде на 266. место, што е подобрување од 72 места во однос на претходната година.
Xiaomi е составен дел на Hang Seng, iHang Seng China Enterprises, Hang Seng TECH и на Hang Seng China 50 индексите.