MacBook Air (15): Единствениот лаптоп што има се и најлесен е од сите

Објавено на 06.06.2023 во iOs



MacBook Air (15): Единствениот лаптоп што има се и најлесен е од сите

Apple ја најави WWDC конференцијата дека ќе биде најголема досега. И така и беше. За два часа се претставени неколку нови уреди, нови можности во оперативни системи и долгоочекуваните очила за проширена и виртуелна реалност што претходно пишувавме - Vision Pro. 

Тим Кук вели дека WWDC е важен дел од светот на Apple, особено годинава, затоа што App Store слави 15 години постоење.

15-инчен MacBook Air

Претставен е новиот 15-инчен MacBook Air, со дебелина од само 11,5мм и 1,5 кг, што значи дека е најлесниот 15-инчен лаптоп на светот. Доаѓа со веќе познатиот Apple ретина дисплеј, M2 процесор што е 12 пати побрз од истиот компјутер со Intel процесори, овој уред има и батерија што трае до 18 часа.

Новиот MacBook Air 15 е два пати побрз и два пати поиздржлив од другите лаптопи. Неговата цена почнува од 1299 долари и може веднаш да се нарача. Постариот MacBook Air има цена намалена за отприлика 100 долари.