Galaxy Z Fold 5 и Flip 5: Први преклопни смартфони на Samsung со отпорност на прашина
Објавено на 07.06.2023 во Преклопни уреди
Преклопната телефонија се подобрува со текот на времето и тоа се очекуваше. Galaxy Z Fold 4 и Flip 4 се сертифицирани со IPX8, што значи дека се водоотпорни во свежа вода на длабочина до 1.5 метри до 30 минути, но не биле сертифицирани за заштита од прашина.
Нивните винтови имаат специјални четки што ја чуваат прашината надвор, но нема никаква гаранција дека надворешни материи нема да влезат. Со Fold 5 и Flip 5 ова ќе се промени според Twitter дојавата од @chunvn8888, кој тврди дека Galaxy Z Fold 5 и Flip 5 ќе бидат со IP58 сертификат против вода и прашина.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.