Nothing: Нов софтвер на повидок, објавено видео за Nothing OS 2.0

Објавено на 11.06.2023 во Android



Nothing: Нов софтвер на повидок, објавено видео за Nothing OS 2.0

Nothing е компанијата што ја основаше Карл Пеј, која што нема значителене успех со продажбата, но дефинитивно привлече големо внимание со својот Nothing OS и дизајнот на телефонот. Младен Хојс, Директорот за Креативен Софтвер во Nothing, обезбеди неколку детали за Nothing OS 2.0.

Nothing Phone (2) е вториот телефон што се очекува, и веќе официјално е потврден од Карл Пеј. Nothing OS 2.0 е веќе зад аголот и ќе овозможи неколку нови промени во функциите со цел да го подобри искуството со Nothing Phone. Хојс вели дека почетоците на Nothing OS се базираа на Android, но сега тоа се менува, затоа што сите апликации се веќе во служба на оние што се рекламираат и секаде ви излегуваат логоа од компании што плаќаат реклама. 

Тој вели дека целта на Nothing OS 2.0 да биде персонализиран софтвер, со опции што нема да бидат исти како постоечките оперативни системи. Хојс вели дека Nothing OS нема да ветува нешто што нема да го реализира, туку планира да креира „стабилни, убави производи“. Се уште не се открива датата кога ќе излезе Nothing OS 2.0.